Македонија Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 99 случаи на ковид-19

Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 99 случаи на ковид-19

Kelly Sikkema / Unsplash

Во изминатите 24 часа направени се 4.284 тестови и од нив регистрирани се 99 нови случаи на ковид-19 од кои 54 во Скопје, 23 во Битола, 6 во Штип, во Тетово, Велес, Охрид и Кичево по 3, по едно лице од Прилеп, Кавадарци, Гевгелија и Радовиш, а оздравени се 148 пациенти, информираат од Министерството за здравство согласно податоците изведени од Институтот за јавно здравје.

Од вкупно 99 нови случаи, регистрирани се 13 реинфекции.

Има пријавено починати три лица, од кои две од Скопје и едно од Прилеп, а дополнително преку Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин се регистрирани 2 починати лица од Радовиш и Кичево.

Досега во земјава се направени вкупно 2.007.553 тестирања. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.062, бројот на оздравени пациенти е 299.064, на починати е 9.271, а бројот на активни случаи изнесува 727.