Македонија Во изминативе три дена пријавени се шест починати лица и 1.261 нов...

Во изминативе три дена пријавени се шест починати лица и 1.261 нов случај на ковид-19

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 22.07 до 24.07.2022) направени биле 2.989 тестови, а регистриран е 1.261 нов случај на ковид-19: и тоа најмногу во Скопје – 572, Битола – 107, Кавадарци – 75, Прилеп – 64, Охрид – 62, Куманово – 54 и Тетово – 44.

Од вкупниот број на позитивни случаи (1.261), регистрирани се 295 реинфекции со ковид-19.

Во текот на изминатите три дена пријавени се четири починати лица од: Скопје (69г), Битола (84г), Прилеп (80г) и Велес (83г), при што сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од: Куманово (86г) и Македонски Брод (79г) во домашни услови во периодот од 26.06.2022 – 01.07.2022 година.

Во изминативе три дена се регистрирани 1.085 оздравени пациенти од ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 2.108.611 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 323.425, бројот на оздравени пациенти е 309.761, на починати е 9.359, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 4.305.