Свет Балкан Во Грција четирипати повеќе мигранти од истиот период лани

Во Грција четирипати повеќе мигранти од истиот период лани

Бројот мигранти кои пристигнуваат на грчките острови сега е за четири пати поголем од истиот период лани. Според грчките власти, на Лезбос, каде што е најголемиот камп за мигранти, лани дневно во просек пристигнувале по 54 мигранти, а сега над 200 секој ден.

Од март годинава грчките острови и северна Грција беа сведоци на пристигнувањето на голем број бегалци од Блискиот Исток, чиј број е значително повисок во споредба со истиот период минатата година.