Свет Европа Во Германија уапсени шест лица што планирале терористички напади

Во Германија уапсени шест лица што планирале терористички напади

Во голема операција спроведена во неколку градови во Германија, полицијата уапсила шестмина Сиријци под сомнение за тероризам, јави германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Уапсените се на возраст од 20 до 28 година и се членови на терористичката група Исламска држава, а планирале терористички напад на Германија.

Апсењата се извршени во Касел, Хановер, Есен и во Лајпциг. Четворица од уапсените влегле во Германија во декември 2014 година, барајќи азил. Другите дошле во август и во септември 2015 година.