Свет Европа Во Германија уапсен Романец кој подготвувал напад

Во Германија уапсен Романец кој подготвувал напад

Германската полиција објави дека на аеродромот во Франкфурт уапсила 21-годишен Романец под сомневање дека подготвувал напад.

Името на уапсениот не е соопштено, но се наведува дека е осомничен дека учествувал во интернет-дискусии со други лица во врска со нападот во Германија.

Полицијата на Карлсруе соопшти дека мажот е уапсен утринава додека, наводно, се подготвувал за пат во Романија, каде требало да го подготви нападот, но наведе дека ништо не укажува оти веќе избрал конкретна мета.

Се наведува дека полицијата за време на претресот на неговиот дом запленила пишувани белешки и уреди за електронско складирање податоци, кои сега го проучува.

Локален судија наредил мажот да се задржи во притвор.