Свет Европа Во Германија се доселиле рекорден број државјани од земјите членки на ЕУ

Во Германија се доселиле рекорден број државјани од земјите членки на ЕУ

Имиграцијата на државјани од земјите членки на Европска Унија во Германија достигна рекордно ниво. Лани, во Германија се доселиле 685.485 државјани на Романија, Полска и на Бугарија, пишува весникот „Велт“, повикувајќи се на официјални статистички податоци.

Во Германија во најголем број се доселиле Романци (174.779), Полјаци (147.910), Бугари (71.709) и Хрвати (50.646).

Како најголема економска сила во Европа, Германија има многу ниска стапка на невработеност, која изнесува 6,1 отсто и е пожелна дестинација за граѓаните од другите држави, кои бараат подобри услови за живот.