Свет Во Гариса и во Најроби демонстрации против Ал Шабаб

Во Гариса и во Најроби демонстрации против Ал Шабаб

Околу 2.500 луѓе протестираа во кенискиот град Гариса, во знак на протест поради екстремистичката исламистичка група Ал Шабаб, во чиј напад на универзитетот на тоа место во минатата недела беа убиени 148 луѓе.

Во главниот град Најроби протестираа студенти кои бараа подобра заштита од сомалиските екстремисти, кои се поврзани со Ал Каеда.

По нападот во Гариса, пет Кенијци беа изведени пред суд поради сомневање дека се поврзани со напаѓачите.

Судот во Најроби го прифати барањето на Обвинителството да им се продолжи притворот уште 30 дена, додека полицијата истражува дали тие ги снабдувале напаѓачите со оружје.