Свет Во експлозија во Пакистан загинаа 22 лица

Во експлозија во Пакистан загинаа 22 лица

Најмалку 22 лица загинаа, а 35 се повредени во експлозија на автомобил – бомба во Лахор, на истокот на Пакистан, соопштија пакистанските власти.

Бомбата експлодирала кај еден стар пазар во населбата Кот Локпат, во предградието Лахор.

Одговорноста за нападот ја презела екстремистичката група Тарик-е-талибан.

Полицискиот претставник Кашиф Алсам рече дека нападнати биле полицајците кои го обезбедувале уривањето на околната стара зграда, додавајќи дека повеќето од загинатите се полицајци.

Лахор, главниот град на провинцијата Панџаб, се соочи со бројни терористички напади во последните неколку години. Минатата година во самоубиствениот напад извршен на Велигден загинаа повеќе од 70 луѓе.