Свет Во експлозија во Бенгази загинаа 22 лица

Во експлозија во Бенгази загинаа 22 лица

Дваесет и две лица загинаа, а најмалку 20 се повредени при експлозија на автомобил бомба во источниот либиски град Бенгази.

Нападот, кој бил насочен кон безбедносните сили, се случи во населбата Гуарша, каде се водат борби меѓу владините сили за безбедност и сојузот на исламисти.

Организацијата Маџлис шура туар Бенгази (Консултативно собрание на револуционерите од Бенгази) ја презеде одговорноста за нападот.