Свет Свет Во Египет уапсени 22 лица на протестите против смртни казни

Во Египет уапсени 22 лица на протестите против смртни казни

Египетската полиција уапсила 22 лица поради предизвикување немири за време на протестите организирани поради изрекување смртна казна за 10 лица, обвинети за убиства и за други прекршоци за време на фудбалскиот натпревар во 2012 година.

Протестите беа организирани вчера поради одлуката на египетскиот апелациски суд да ја потврди пресудата за смртна казна, а некои од учесниците палеле гуми, запалиле две полициски возила и ја каменувале полицијата.

Во немирите на фудбалскиот натпревар во 2012 година меѓу два локални клуба беа убиени најмалку 70 лица.