Свет Свет Во Египет уапсен новинар на „Ал Џезира“

Во Египет уапсен новинар на „Ал Џезира“

Египетската полиција соопшти дека уапсила новинар на телевизијата „Ал Џезира“. Властите во Египет ја обвинуваат телевизијата дека ја поддржува исламската опозиција.

Канцеларијата на обвинителот соопшти дека новинарот Махмуд Хусеин е обвинет за поттикнување насилство, објавување лажни вести и дека припаѓа на забранетото движење Муслимански браќа.

Тој бил уапсен вчера во неговиот дом, неколку дена откако се вратил од одмор, соопштија претставници на телевизијата.

Хусеин најпрво бил запрен и испрашуван на аеродромот во Каиро откако слетал, враќајќи се од патување, но бил пуштен, а по неколку дена полицијата решила да го уапси.