Свет Европа Во Данска евакуирани аеродроми, плоштад и трговски центар

Во Данска евакуирани аеродроми, плоштад и трговски центар

Во Данска денеска на повеќе локации во близина на Копенхаген се евакуирани аеродроми, трговски центар и плоштад поради низа бомбашки закани, соопшти данската полиција.

Данската телевизија 2 јавува дека имало закани и за Копенхаген и за меѓународниот аеродром, но полицијата наведе дека тие закани не се сериозни.

Во градот Роскилд, западно од Копенхаген, полицијата го евакуирала локалниот аеродром и еден плоштад.

Полицијата не изнесува повеќе детали за заканите, но соопшти дека никој не е повреден.

Во меѓувреме, полицијата во местото Слагелс, на околу 60 километри југозападно од Копенхаген, поради слични закани евакуираше еден трговски центар.

Евакуиран е и локалниот аеродром во Јултланд, во Западна Данска.