Свет Во бродолом во Индија загинаа 19 лица

Во бродолом во Индија загинаа 19 лица

Деветнаесет лица се удавија откако брод кој превезувал градежни работници се превртел во раката Јамуна во Северна Индија, а сè уште се трага по исчезнатите патници, соопшти индиската полицијата.

Висок полициски претставник, Рам Кумар, соопшти дека повеќе од 60 лица се наоѓале на бродот во моментот кога пловниот објект се превртел во близина на градот Багпата, во индиската држава Утар Прадеш.

Најмалку 10 лица успеале да се спасат и да допливаат до брегот, а околу 31 патник се водат за исчезнати.

Властите ја испитуваат причината за несреќата, иако веруваат дека превртувањето е последица на тоа што бродот бил претоварен зашто имал капацитет да превезува само 35 патници.