Свет Во бомбашки напад во Багдад убиени 14 лица

Во бомбашки напад во Багдад убиени 14 лица

Најмалку 14 лица се убиени, а десетина се ранети во два самоубиствени напади во предградие на Багдад, соопштија ирачките власти.

Според зборовите на еден полициски службеник, едниот напад е извршен доцна синоќа со автомобил бомба на контролен пункт во предградие на истокот на Багдад, при што се убиени шест цивили и четири војница, а ранети се 28 луѓе.

Речиси во исто време во предградие во јужниот дел на градот, напаѓач самоубиец удрил со автомобил полн со експлозив во воен конвој, при што убил четири и ранил осум војници.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.