Свет Во Австрија почнува состанокот на тајната група Билдерберг

Во Австрија почнува состанокот на тајната група Билдерберг

Во малото австриско гратче Телфс – Бухен, викедов ќе се одржи 63. конференцијата на тајната група Билдерберг, на која 140 учесници од 22 земји до недела ќе разговараат за низа актуелни случувања во светот, пренесува хрватската државна телевизија ХРТ.

Покрај политичари, на состанокот ќе учестуваат голем број светски бизнисмени, претставници на академската заедница, финансиите, медиумите, но и членови на кралските семејства.

Состаноците на групата Билдерберг секогаш се обвиткани со велот на тајноста бидејќи нема никакви изјави за јавноста.

Групата своето име го доби по хотелот во Холандија, каде во 1954 година е одржан нивниот прв состанок.

Според некои теории на заговор, но и според пореалистичните процени на угледните медиуми, Билдербрег е една од најмоќните политички, медиумски, економски и бизнис-групи, која еднаш годишно се состанува за да расправа за иднината на светот.