Свет Балкан Во Анталија уапсен воениот советник на Ердоган

Во Анталија уапсен воениот советник на Ердоган

Воениот советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, потполковникот Еркан Киврак, е приведен во хотел во округот Серик, во јужната провинција Анталија.

Киврак бил приведен додека бил на одмор и веднаш бил префрлен во Анкара.

Засега не позната причината за приведувањето, иако повеќе десетици високи воени претставници се уапсени поради наводна вмешаност во обидот за државен удар.