Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Шекеринска да објават сè што имаат

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Шекеринска да објават сè што имаат

ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш отворено и јавно се обраќа до политичкото раководство на СДСМ, до експертот за делење тендери на своето потесно и пошироко семејство, Зоран Заев, и до експертот за кирии и за луксузни производи и забави, Радмила Шекеринска, наместо да ја замајуваат јавноста со некакви бомби, да излезат и да објават сè што имаат, ако навистина имаат, се вели во соопштението од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во остуство на сериозна платформа и нудење програма со проекти, СДСМ се фокусирани кон водење негативна кампања, полна со гнев и со ширење омраза.

„ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи со спроведување на својата програма ветена на изборите пред граѓаните. СДСМ очигледно ќе продолжи со манипулации и со негативна кампања. Кој за што го бива. Кој за што учел“, стои во соопштението.