Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја потврдува стратегијата за трајно населување на мигранти

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја потврдува стратегијата за трајно населување на мигранти

Владата на СДС со секој свој чекор ги потврдува своите стратегија и план за трајно населување на Република Македонија со илјадници мигранти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не изградила никаков објект за населување на мигранти.

„Неосновани се обвинувањата на СДС и мафтање со дописи од 2012 година, кои првенствено се однесуваат за изградба на социјални станови, за социјално необезбедени или лица кои се раселени во Република Македонија, а потекнуваат од косовскиот конфликт од 90-тите години на минатиот век, а не за мигранти од Сирија, случаи кои тогаш и не беа проблем како што се сега“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.