Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Целта на Заев е да направи хаос

ВМРО-ДПМНЕ: Целта на Заев е да направи хаос

Зоран Заев сака да ја излаже целокупната јавност, и Македонците, и Албанците, и Турците, и Србите, и Ромите, и Бошњаците, и Власите, дека се грижи за нив, а всушност сè што сака да направи е да се спаси себеси од криминалите што стојат зад него и зад неговата фамилија, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ.

Во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека Заев сака да направи хаос за да дојде на власт без избори и да се заштити себеси од последиците од, како што се вели, неговото коруптивно однесување.

– Граѓаните јасно му дадоа до знаење дека не поддржуваат вакво нелегално и деструктивно сценарио. Граѓаните сакаат стабилна држава, економски прогрес, нови фабрики и нови работни места – пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.