Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Терапијата која пациентите порано ги чинела 8.000 евра сега е бесплатна

ВМРО-ДПМНЕ: Терапијата која пациентите порано ги чинела 8.000 евра сега е бесплатна

Не се очекува СДСМ да поздрави нешто што е во прилог на граѓаните, а особено на пациентите кои страдаат од карцином, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

– Во времето на СДСМ пациените чекаа по една година за хемотерапија и немаше ниту еден лек на позитивна листа. Крајно лицемерно е СДСМ да зборува за здравството кога ниту една болница не реновираа и ниту еден нов апарат не набавија. Оваа терапија пациентите на кои им е најтешко порано ги чинела и до 8.000 евра, а денес ќе ја добиваат бесплатно и тоа на СДСМ му смета – велат од ВМРО-ДПМНЕ.