Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДС им должи извинување на граѓаните, чиј револт смислено го предизвика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС им должи извинување на граѓаните, чиј револт смислено го предизвика

СДС најбрутално ја силуваше волјата на граѓаните и го оневозможи правото на дискусија на нивните демократски избраници, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС смислено и насилно, како што најавија и нивните новинарски пера и експерти, спроведе перформанс кој тие го нарекуваат избор на претседател на Собранието и со тоа со предумисла се доведоа себе си и другите пратеници и вработените во Собранието во опасност и на удар на народниот револт, кој со денови го подгреваа и неминовно го доведоа до состојба на ескалација. СДС им должи извинување на граѓанитен чиј револт смислено го предизвика. СДС мора да сноси политичка и правна одговорност за ситуацијата во која го доведе Собранието и за унакажувањето на демократијата во Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека на граѓаните на Република Македонија не им требаат поделби, насилство и туѓи платформи туку дека граѓаните сакаат почитување на законите, владеење на правото и програми и платформи за економски напредок и за технолошки прогрес.