Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Саше Ивановски е само алатка на други лица

ВМРО-ДПМНЕ: Саше Ивановски е само алатка на други лица

Срамна е реакцијата на ЗНМ по денешната снимка со која се виде дека Саше Ивановски е само алатка на други лица, кои му даваат насоки и го стимулираат од себе да прави тоа што го прави, велат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

„За осуда е тоа што СДСМ, Сорос и пооделни новинари злоупотребуваат човек кој очигледно не е свесен во какви ситуации го буткаат и го ставаат. Тоа е срамно. Тие луѓе што го злоупотребуваат Саше Ивановски го гледаат во него тоа што целата јавност го гледа, но СДСМ, Сорос и одделни новинари се смеат и ликуваат кога ќе успеат да го набуцкаат од себе да го прави тоа што го прави. Тие не само што го толерираат, туку го стимулираат и го оправдуваат неговото агресивно однесување. Веројатно и го плаќаат. Тие, наместо да се оградат поради десетината конфликти на Саше Ивановски-Политико, со оваа реакција повторно го насочуваат да предизвикува инциденти, за потоа Насер Селмани, Билјана Секуловска и сличните ним да ликуваат и да се смеат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека дека ЗНМ и Насер Селмани со ова наместо да ги штитат, се првите кои ги газат новинарските стандарди и охрабруваат уривање на слободата на говор и на приватноста.