Македонија ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи од амандманите за законот за јазици и бара...

ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи од амандманите за законот за јазици и бара поширока дебата

На работните групи во Собранието во кои учествува ВМРО-ДПМНЕ не се разговара за Законот за двојазичност, велат од партијата како реакција на брифингот на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за двојазичност е непроменет. Ние сметаме дека Законот за двојазичност излегува надвор од Уставот, истиот е неприменлив и не само што не придонесува за поголема кохезивност во македонското општество, туку носи и ризици кои можат да предизвикаат далекусежни последици. Позициите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни. Не смее да се повтори грешката и на мала врата, без соодветна дебата, со незаконско исцртување на европско знаменце, вакви чувствителни решенија да се носат во скратена процедура“, велат од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ повикува законот да се повлече и да се стави на поширока дебата во која би учествувале и експерти.

„Овие конструктивните барања за жал не наидоа на соодветен прием и заради тоа нашата пратеничката група предложи амандмани за да се коригира спорната содржина. Очекуваме Собранието да го почитува деловникот и Законот за собрание и да ги разгледа предложените амандмани“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.