Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Настапот на Јанева е потврда дека СДСМ нема програма и проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Настапот на Јанева е потврда дека СДСМ нема програма и проекти

Катица Јанева повторно настапи со политички конструкции кои содржат се освен почитување на правото и претставуваат директен доказ на очајот во кој што се наоѓа Зоран Заев и СДСМ, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

„Денешниот политички настап на Катица Јанева е најдобра потврда дека Зоран Заев и СДСМ немаат никаква предизборна програма и никакви проекти кои би ги понудиле на граѓаните, така што единствениот излез го бараат во обидот преку Катица Јанева да оцрнуваат луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ преку конструкции, лаги и манипулации. Сосема е очекувано дека СДСМ и во иднина ќе продолжи да го нуди тоа што најдобро го умее, деструкција, манипулации и продуцирање на кризи. За разлика од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ продолжува со одговорно и отчетно работење во полза на граѓаните“, се вели во соопштението на владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМЕ велат дека додека СДСМ се занимава со подземна политика, тие реализирале вкупно 3.500 проекти.