Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Јанкулоска и Јанакиески ниту се во бегство, ниту во некоја од...

ВМРО-ДПМНЕ: Јанкулоска и Јанакиески ниту се во бегство, ниту во некоја од амабасадите

Партијата на власт, ВМРО-ДПМНЕ, испрати демант на информациите на одредени медиуми дека поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, против кои се отворени истражни постапки во првата акција на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, наводно ја напуштиле државата и побарале засолниште во некоја од амбасадите.

– Луѓето од ВМРО-ДПМНЕ за кои пласирате дезинформации дека наводно се во бегство или наводно побарале прием во странски амбасади, ниту се во бегство, ниту побарале прием во која било амбасада. Крајно непрофесионалното постапување и грубото дезинформирање наложено од штабот на СДСМ може да го проверите со најобичен повик до сите амбасади – се вели во демантот на ВМРО-ДПМНЕ.