Македонија ВМРО-ДПМНЕ изразува сочувство за убиените во обидот за државен удар во Турција

ВМРО-ДПМНЕ изразува сочувство за убиените во обидот за државен удар во Турција

ВМРО-ДПМНЕ изразува најдлабоко сочуство за сите што ги загубија животите при обидот за државен удар во Република Турција, посочуваат од партијата во соопштение.

„Сликите и снимките од минатогодишниот 15 јули засекогаш ќе останат врежани во сеќавањата не само на турскиот народ, туку и на сите кои имаат посебна почит и симпатии кон Турција. Република Турција и турскиот народ биле и остануваат докажан пријател на Република Македонија. Меѓусебните односи секогаш биле проткаени со заемна почит и пријателство и очекуваме врските со Република Турција да се продлабочуваат и во иднина. Демократските избори се единствениот начин на кој една власт може да ја добие честа да ја управува државата“, се вели во соопштението.