Македонија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ изразија сочувство за нападот во Ница

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ изразија сочувство за нападот во Ница

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска изразија сочувство до францускиот претседател Франсоа Оланд, премиерот Мануел Валс и до граѓаните на Република Франција за вчерашниот напад во Ница, во која животот го загубија повеќе од 80, а повредени се неколку десетици лица.

Во одделни соопштенија двете партии го осудија грозоморниот терористички напад и порачаа дека е неопходно уште поцврсто и уште поорганизирано обединување и дејствување против насилството, омразата и против една од најсериозните закани на меѓународниот мир и стабилност, тероризмот.