Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните покажаа дека не им е до славење

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните покажаа дека не им е до славење

Народот го покажа своето незадоволство од капитулантскиот договор со Грција кој го потпиша министерот за надворешни работи Никола Димитров, под покровителство на премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Граѓаните покажаа дека не им е до славење. Не им е до славење поради прерано згаснатиот живот на Никола Саздовски. Поради фактот што цените на основните продукти потребни за живот растат, а нивните плати и пензии стагнираат. Не им е до славење ни на вработените во сите оние фирми кои заминаа во стечај изминативе година дена. НЕ, за прослава на поразите кои Зоран Заев и ги приреди на Македонија, и чемерот и јадот кои тој го донесе“, се вели во соопштението.