Македонија ВМРО-ДПМНЕ е против тоа законот за Јанева да се донесе по скратена...

ВМРО-ДПМНЕ е против тоа законот за Јанева да се донесе по скратена постапка

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против тоа законот за јавнообвинителска служба на специјалното јавно обвинителство да се донесе по скратена постапка.

– Испратив барање до координаторите на пратеничките групи за законот да се донесе по скратена постапка, со оглед на тоа што тој произлегува од Договорот од Пржино, како и со оглед на апелите на Јанева – рече координаторот на СДСМ, Горѓи Сугарески, пред гласањето.

На седницата беа присутни 92 пратеници, од кои 27 гласаа „за“, 54 беа против, а еден гласаше воздржано.