Македонија ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Каде беа мерните станици за загадување на воздухот во...

ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Каде беа мерните станици за загадување на воздухот во ваше време?

СДСМ упорно бега од одговорот на прашањето каде беа мерните станици за загадувањето на воздухот од нивно време, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањето од опозицијата за загадувањето на воздухот.

Од владејачката партија велат дека СДСМ треба на јавноста да ѝ одговори зошто не може да се направат споредби со периодот пред 2006 година за ефектите од мерките што се преземаат.

„Дали СДСМ може да наброи еден проект на Љубомир Јанев и на Зоран Шапуриќ познат како министерот кој потона во малите поплави, кои служеа како нивни министри за животна средина? Граѓаните не памтат – бидејќи такви проекти немаше. За потсетување, Владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1 април 2014 година. Оваа влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз протек на сообраќајот. Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Оваа влада направи проект за гасификација на цела Македонија и за целосна гасификација на Скопје за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.