четврток, 14 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Мерни станици | 43 резултати

Доаѓа сезоната на загаден воздух – државата и општините глуви за потребата од повеќе мерни станици

ноември 3, 2023

Деновите со енормно загадување на воздухот се пред нас, а нема нови мониторинг станици за мерење на квалитетот на воздухот во македонските градови. Властите на национално и на локално ниво си ги префрлаат меѓусебно обврските за тоа кој треба да постави нови мерни станици низ населените места, а општ е впечатокот дека сите чекаат средства […]

Мета факт: Мерните станици ветени од Орце Ѓорѓиевски чекаат на реализација во Кисела Вода

октомври 31, 2023

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во ноември 2021 година вети дека мерни станици што ќе го определуваат квалитетот на воздухот ќе се постават околу сите големи загадувачи во општината. Речиси две години подоцна, единствено е функционална мерната станица до Домот на културата во Кисела Вода кога и беше дадено ветувањето од градоначалникот, […]

МЖСПП: Нема да работат мерните станици Кавадарци, Битола 3, Гостивар и Ректорат

мај 30, 2023

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) извести дека податоците од мониторинг станиците за квалитет на амбиенталниот воздух во Кавадарци, Битола 2, Гостивар и Ректорат во наредните петнаесетина дена нема да бидат достапни на порталот за квалитет на воздухот http://air.moepp.gov.mk/ . На овие мерни места ќе се врши сервисирање на дополнителната опрема неопходна за […]

Извештаите за загадувањето на скопскиот воздух преполни со недостатоци [инфографик]

март 22, 2023

Квалитетот на воздухот на мерните станици Центар и Карпош е непознат за февруари 2023 година во делот на најопасните ПМ-2.5 честички, бидејќи во редовниот месечен извештај воопшто нема податоци за тоа, колкаво било присуството на овие загадувачки супстанци во скопскиот воздух. Случајно или не, податоците се неверодостојни и за традиционално најзагадената локација во Скопје – […]

Скопскиот воздух во јануари: Центар опасно му се приближува на рекордерот Лисиче во аерозагадувањето [инфографик]

февруари 16, 2023

Чистиот воздух бил мислена именка за Скопје и во изминатиов јануари. Измерените податоци за квалитетот на воздухот покажуваат голем број на денови во кои се надминати дозволените среднодневни вредности на ПМ-2.5 и ПМ-10 честички во воздухот. Споредено со јануари 2022 година, годинава имало нешто помал број на денови кога било надминато максималното дозволено загадување од […]

Во Скопје минатиот месец се изнадишавме поопасен воздух во однос на декември 2021 [инфографик]

јануари 14, 2023

Наместо да има подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, со текот на времето бележиме поопасен воздух што го дишеме. Главниот град во текот на минатиот месец дишеше поопасен воздух во споредба со декември 2021 година, со поголем број на денови кога се надминати дозволените среднодневни концентрации на ПМ-10 и ПМ-2.5 честички во воздухот, покажуваат […]

МЖССП: Податоци за аерозагадувањето не се прикажуваат поради инсталација на нова опрема

декември 23, 2022

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) информира дека сите мерни станици од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух се во функција, но повремено податоците од одредени мерни места не се достапни. „Имено заради застареност на серверска опрема што во изминатите месеци предизвикуваше повремени падови на системите, Министерството за животна средина и […]

За Центар и Карпош есенва не се мери аерозагадувањето со ПМ 2,5 честички, Лисиче со мистериозни податоци [инфографик]

декември 9, 2022

Сезоната на аерозагадување во Скопје почна, а податоците од мерните станици за Центар и Карпош за ПМ 2.5 честичките ги нема во месечните извештаи на Министерството за животна средина и просторно планирање. За октомври и ноември 2022 година нема податоци за најопасните загадувачки честички, додека за традиционално најзагаденото место во Скопје – мерната станица Лисиче, […]

Изминатава зима имало драстични разлики во присуството на ПМ-2,5 честичките во делови на Скопје [инфографик]

април 13, 2022

Драстични разлики во мерењето на опасните ПМ-2,5 честички се регистрирани од мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање во одредени делови од Скопје. Истовремено, ПМ-10 честичките остануваат проблем за граѓаните на целиот град, покажуваат месечните извештаи за аерозагадувањето во Скопје за февруари и март 2022 година што се изработени од ова министерство. […]

Зимава во Карпош воздухот бил најчист, додека Лисиче, Ректорат и Гази Баба најзагадени [инфографик]

февруари 8, 2022

Проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје останува актуелен, но бројот на денови со нечист воздух и измерените загадувачки концентрации изминатава зима се нешто помали во споредба со претходната зима, особено кај најопасните ПМ 2.5 честички. Во текот на декември 2021 и јануари 2022 година од петте постојани мерни станици во Скопје, произлегува дека најчист […]

Загадувањето на воздухот повторно алармантно, нема реакција од институциите

јануари 6, 2022

Во првите денови од 2022 година, аерозагадувањето во земјава достигнува загрижувачки нивоа, но изостанува реакција на институциите. Веќе втор ден по ред, мерната станица во скопско Лисиче и Струмица е регистрирано присуство на ПМ-10 честички во воздухот над прагот за алармирање, но нема реакција од институциите. Според измерените податоци од мерните станици со кои управува […]

Воздухот во Тетово и понатаму е загаден, недостигаат мерни станици, општината ветува решение

јануари 6, 2022

Веќе неколку дена квалитетот на воздухот во градот Тетово е многу лош. Според програмата AirCare, на 3 јануари нивото на штетните честички ПМ 10 и ПМ 2.5 било високо, конкретно 138 и 128 микрограми на метар кубен, што ја надминува дозволените количини во воздухот. Ниту локалните ниту централните власти немаат преземено сериозни мерки за решавање […]

Чаир, Бутел и Шуто Оризари немаат станица што ќе го мери квалитетот на воздухот

декември 17, 2021

Општините Чаир, Бутел и Шуто Оризари, кои го сочинуваат целиот северен дел на главниот град, немаат ниту една мониторинг станица што ќе го мери квалитетот на воздухот на овие локации. Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ), управуван од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање се состои од 18 […]

Лисиче е најопасно место за живеење во Скопје според загадувањето на воздухот [инфографик]

декември 7, 2021

Нивото на загадување на воздухот во Скопје во текот на октомври и ноември годинава било помало во споредба со истиот период од 2020 година. Кај ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките актуелната есен се забележува тренд на нивно намалување, додека јаглерод моноксидот и азотниот двооксид се во рамките на дозволените вредности. Опсегот на мерење на […]

За да има подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, потребни се повеќе средства и построга контрола на загадувачите

април 22, 2021

За да има видливо подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје во период од 2 до 3 години, потребни се храбри и сеопфатни активности за решавање на проблемот со аерозагадувањето, а не минорни средства во буџетите што се издвојуваат секоја година за оваа намена. Приоритет треба да биде намалувањето на загадувањето со ПМ честички, и […]

Скопскиот воздух во февруари и март бил позагаден од истиот период лани [инфографик]

април 16, 2021

Мерките што ги презедоа државните и општинските власти за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје се недоволни. Податоците од мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање за аерозагадувањето на главниот град покажуваат дека зимава воздухот бил позагаден во февруари и март во споредба со идентичните месеци лани. „Мета.мк“ ги анализираше месечните […]

Во јануари полесно се дишело во Скопје, во декември воздухот позагаден во споредба со минатата зима [инфографик]

февруари 14, 2021

Загадувањето на воздухот во Скопје и тековнава зима останува голем проблем за граѓаните, и покрај тоа што официјалната статистика од Министерството за животна средина и просторно планирање покажува нешто помало аерозагадување како просечни вредности во споредба со минатата зимска сезона. Податоците од мерните станици поставени во главниот град покажуваат дека во декември 2020 година имало […]

Есенва воздухот во Скопје е драстично позагаден отколку изминатата пролет, за време на полицискиот час [инфографик]

декември 15, 2020

Аерозагадувањето во Скопје било далеку пониско изминатата пролет, кога на сила беше полицискиот час, во споредба со есенва. Рестрикциите на движењето, коишто го ограничија сообраќајот во Скопје, индустриското производство, па дури и палењето на огнови на отворено, доведоа до почист воздух во текот на март и април, наспроти месеците октомври и ноември 2020 година, покажуваат […]

Воздухот во октомври бил загаден речиси исто колку лани, засега планот за чист воздух нема ефект

ноември 6, 2020

Новата мерна станица во Гевгелија, како и тие во Битола, Тетово и Куманово се единствените, од вкупно 19 мерни места кои ги мерат сите шест полутанти и даваат целосна слика за состојбата со загадувањето на воздухот во овие градови. Иако сезоната на аерозагадувањето зема залет, граѓаните сè уште секаде немаат точни и навремени податоци за […]

Амбициозниот План за чист воздух остави многу нереализирани обврски

октомври 25, 2020

Голем дел од мерките предвидени во двегодишниот План за чист воздух се далеку од реализација. Амбициозниот документ, кој предвидуваше намалување на аерозагадувањето до 50 отсто во Скопје и од 30 до 50 отсто во другите градови се реализира веќе втора година по ред, но не во сите сегменти кои се планираа. Замената на старите грејни […]

Страна 1 од 2