fbpx

СДСМ: Граѓаните и денеска дишат отров наместо воздух

-

Граѓаните на Македонија и денеска дишат отров наместо воздух, обвини СДСМ преку соопштение.

„Мерните станици постојано покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија. Според официјалните податоци од мерните станици, загадувањето на воздухот во Скопје изнесува речиси 10 пати повеќе од дозволеното. Во Битола и во Тетово честичките ПМ10 изнесуваат фрапантни 12 пати повеќе од дозволеното, додека во Кичево петпати ја надминуваат дозволената граница. Никола Груевски потроши 630 милиони евра за споменици во Скопје, а граѓаните се задушуваат во нечист воздух. Политиките на Никола Груевски го уништуваат здравјето на граѓаните. Последиците од загадениот воздух за здравјето на граѓаните се сериозно опасни“, пишува во соопштението на опозицијата.

Од СДСМ велат дека додека се трошат милиони евра за споменици, реклами и ЛЕД-телевизори, луѓе во Македонија умираат поради висок процент на канцерогени честички во воздухот.

„Македонија, според Светска банка, е на прво место на листата за изложеност на граѓаните на цврсти, канцерогени честички. Овие честички се најголемата причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во Македонија поради предизвикување болести на дишните патишта и рак. Несериозноста и лицемерството на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ ги надмина сите граници“, велат од СДСМ.

Од опозицијата додаваат дека никој не може да ги лаже граѓаните и дека веднаш мора да се преземат конкретни мерки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...