Македонија ВМРО-ДПМНЕ денеска во Кочани, СДСМ во Берово, ДУИ во Врапчиште, а ДПА...

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Кочани, СДСМ во Берово, ДУИ во Врапчиште, а ДПА во Тетово

Политичките партии денеска, на десеттиот ден од изборната кампања за претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември, ќе одржат митинзи и средби со граѓаните во повеќе градови во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска ќе одржат митинзи во Виница и во Кочани, додека СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија денеска ќе бидат во Пехчево и во Берово.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) својата изборна програма денеска ќе ја презентира во Боговиње и во Неготино, општина Врапчиште, додека Демократската партија на Албанците (ДПА) ќе има митинг во Тетово.

Движењето Беса ќе одржи средба со граѓаните во Брвеница и во Боговиње.