Економија Владата размислува да воведе зелен картон за еден месец

Владата размислува да воведе зелен картон за еден месец

Премиерот Никола Груевски истакна дека Владата размислува, покрај едногодишниот, да воведе едномесечен зелен картон.

При посетата на на охридско-струшкиот регион, одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека Владата подготвува одредени измени во постојната законска регулатива.

– Сега зелените картони секој може да ги добие за една година, не може за пократко. За возила до 66 киловати чинат околу 60 евра, а 90 евра за повеќе од 66 киловати. Се размислува за оние луѓе кои не излегуваат често од државата, односно патуваат еднаш во годината, еднаш или неколкупати во еден месец за годишен одмор или слично, да се воведе и едномесечен зелен картон кој би чинел 30 евра за оние што имаат патнички возила до 66 киловати, а 50 евра за оние со повеќе од 66 киловати – изјави Груевски.