Македонија Владата пресече: Арена „Филип Втори“ се преименува во Арена „Тоше Проески“

Владата пресече: Арена „Филип Втори“ се преименува во Арена „Тоше Проески“

Фото: Мета.мк

На денешната 129. седница, Владата донесе Одлука за преименување на мултифункционалната национална арена „Филип Втори“ во Национална арена „Тоше Проески“.

Од останатиот дневен ред, донесена е одлука да се ослободат од плаќање партиципација за лекување повредените патници од автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари годинава, а исто така била отфрлена предлог-Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година, предложена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ).

Образложението на Владата е дека нацртот не бил усогласен со други стратешки документи за оваа област.