Македонија Владата подготвува Закон за унапредување на правата на заедниците кои се помалку...

Владата подготвува Закон за унапредување на правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто

Фото: Мета.мк

Министерството за правда подготвува предлог-закон за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Македонија.

„Донесувањето нов Закон за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Македонија е во насока на доуредување на оваа материја и отстранување на лоцираните слабости во постојниот закон, особено во деловите поврзани со надлежностите на Агенцијата, надзорот и фондот за финансиски средства“, пишува во образложението објавено на Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР).