Економија Владата подготвува нов закон за градење

Владата подготвува нов закон за градење

Министерство за транспорт и врски преку Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) објави дека подготвува нов предлог на закон за градење со образложение дека во постојниот закон постојат одредени недостатоци во областа на градењето.

Како главни цели на предлог-законот се наведени подобрување на решенијата во областа на градењето, правата и обврските на учесниците во изградбата, употребата и одржувањето на градбата и постапката на одобрението за градење.