Главна секција Владата подготвува нов закон за данок на моторни возила – според емисијата...

Владата подготвува нов закон за данок на моторни возила – според емисијата на CO2

Фото: Архива на Мета.мк

Министерството за финансии подготвува предлог-закон за данок на моторни возила. Во образложението објавено на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) се вели дека со новиот Закон за акцизите оданочувањето на патничките автомобили не е предмет на уредување на овој закон.

„Од таа причина истото ќе се регулира со нов посебен Закон за данок на моторни возила. Имајќи ги предвид европските практики и препораките од странските експерти во оваа област данокот на моторните возила покрај вредноста на моторните возила ќе се пресметува и врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамови по километар“, пишува во образложението.

Од Министерството додаваат дека на овој начин ќе се придонесе кон увоз и користење на возила со пониска емисија на јаглерд диоксид, што ќе значи намалување на загадувањето на воздухот за да се обезбеди здрава животна средина што е основен предуслов за квалитетен живот на граѓаните.