Македонија Владата на тематска седница ќе го разгледува европскиот прашалник за напредокот кон...

Владата на тематска седница ќе го разгледува европскиот прашалник за напредокот кон ЕУ

Владата на Република Македонија денеска во 15 часот ќе одржи тематска седница, на која ќе биде разгледана информацијата за придонесот за остварениот напредок на Република Македонија, кој претставува основа за подготовка на годишниот извештај на Европската комисија за напредокот во процесот на пристапување во Европската Унија.

Седницата ќе ја води вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

„Придонесот за остварениот напредок на Република Македонија, во согласност со новата методологија на Европската комисија за подготовка на извештаите за напредокот на земјите – кандидатки за членство во Европската Унија, првпат оваа година се состои од прашалник со 1.175 прашања, кои се одговорени од  надлежните институции и ревидирани од Секретаријатот за европски прашања, во улога на координативна институција во процесот на европска интеграција на земјата“, информираат од Владата.