Главна секција Владата го усвои законот за јазиците, следува фаза на изјаснувања и на...

Владата го усвои законот за јазиците, следува фаза на изјаснувања и на консултации

Владата на синоќешната 20. седница го усвои текстот на законот за употреба на јазиците кој произлегува од усогласувањето на националната програма за усвојување на правото на Европската Унија.

„Откако законот ќе биде усвоен во Собранието, Министерството за правда, преку Министерството за надворешни работи, ќе го достави законот и отворените прашања кои кои не се дел од овој закон, до Венецијанската комисија и ќе побара мислење за пакетот законски решенија“, информираат од Владата.

По повод усвојувањето на текстот на законот за употреба на јазиците, денеска, во 14 часот, изјави ќе дадат премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика.