Економија Владата ја замрзна маржата на огревно дрво и пелети за огрев на...

Владата ја замрзна маржата на огревно дрво и пелети за огрев на 10 отсто

Photo by Pietro De Grandi on Unsplash

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе Одлука за определување на највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев. Согласно Одлуката, највисоката трговска маржа за овие производи за сите трговци се утврдува во висина најмногу до 10 отсто, информираат од владината прес-служба.

Висината на трговска маржа најмногу до 10 отсто за наведените стоки ќе важи за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на мало, а транспортот за испорака на стоките до крајните потрошувачи не се пресметува во висината на трговската маржа.

Причината за ограничување на трговската маржа се заснова на усогласување на разликите во цените кои сега се присутни во трговијата на мало, односно при продажба на огревно на дрво и пелети за огрев.

Оваа Одлука ќе се применува до крајот на годината, до 31 декември 2022 година.