Македонија Вкупно 883 пациенти се лекуваат во ковид центрите низ државата, има 847...

Вкупно 883 пациенти се лекуваат во ковид центрите низ државата, има 847 празни болнички кревети

Фото: prilep.gov.mk

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 499 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, a во Скопје 384.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 57 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 58 болни, а во Куманово 63 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 45, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 53 пациенти, во Кочани 20 во Кичево 15, Кавадарци 24, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 883 и има околу 847 празни болнички кревети во ковид центрите.