Македонија Вкупно 1.348 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 се лекуваат во болниците

Вкупно 1.348 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 се лекуваат во болниците

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби | Автор: Арбнора Мемети

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 872 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерство за здравство. Надополнето со бројките од главниот град, вкупната бројка на пациентикои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.348.

„Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 130, во ковид центарот во Гостивар 62, а во Струга 43 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44,  во  Гевгелија 15 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава сега е 1.348 и има околу 180 празни болнички кревети во ковид центрите. На инфективните одделенија во Скопје се лекуваат вкупно 476 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород,“ се додава во соопштението.