Македонија „Виз ер“ ги прекинува сите летови до Италија, по рестриктивните мерки на...

„Виз ер“ ги прекинува сите летови до Италија, по рестриктивните мерки на владата во Рим

„Виз ер“ објави дека од денеска 10 март 2020 ги суспендира сите свои рути до Италија, како резултат на одлуката за рестриктивни мерки на италијанскиот премиер, со цел да ја контролира појавата на корона вирус во земјата.

„Летовите за сите дестинации на „Виз ер“ кон Италија Алгеро, Бари, Болоња, Катанија, Милано Бергамо, Милано Малпенса, Неапол, Пиза, Рим Киамино, Рим Фиумичино се откажани. Сите оние кои имаат букирано директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електронска пошта, каде ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосен повраток на нивните средства или 120 проценти повраток на цената во кредити. Патниците кои ги направиле своите резервации преку туристички агенции – вклучително и преку туристички агенции преку Интернет – треба да стапат во контакт со компанијата каде ги купиле своите билети,“ се вели во соопштението.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте синоќа соопшти дека цела држава ја прогласува во „црвена фаза“ односно ќе бидат затворени училиштата, спортските сали, музеите, ноќните клубови и други локации.