Македонија Видливоста на Стража е намалена поради магла

Видливоста на Стража е намалена поради магла

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Стража е намалена од 80 до 100 метри.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.