Видео (ВИДЕО) Пакистан: 58 загинати при судир меѓу автобус и камион

(ВИДЕО) Пакистан: 58 загинати при судир меѓу автобус и камион

Тешка сообраќајна несреќа во Пакистан

Педесет и осум лица загинаа, од кои 18 деца, при судир на автобус и на камион на автопат на југот во Пакистан, соопшти локалната полиција.

Како што соопшти портпаролот на полицијата, Гулам Џокио, причина за сообраќајката била густата магла.

Автобусот со 70 патници се движел од долината Сват кон Карачи, кога се судрил со камионот, по што експлодирал резервоарот.

Автобусот целосно изгорел.

Во несреќата се повредени 15 лица, од кои повеќето се во критична состојба, поради што можно е да се зголеми бројот на жртвите, соопштија полициските претставници.