Видео (ВИДЕО) Две девојки-самоубијци усмртија 45 лица

(ВИДЕО) Две девојки-самоубијци усмртија 45 лица

Девојките на пазарот ги активирале бомбите една по друга

Најмалку 45 лица загинаа на североистокот на Нигерија, откако две бомбашки-самоубијци, облечени во традиционална муслиманска носија, го детонираа експлозивот на преполноот пазар во градот Мајдугури.

Очевидците потврдија дека една од девојките во зар ја активирала бомбата и убила три жени, додека другата чекала околу неа да се насобрат минувачи пред да ја активира другата бомба.

Девојките на пазарот го активирале бомбите една по друга, соопшти Аба Аџи-кали, координатор за цивилна одбрана во државата Борно, додавајќи дека откако на местото каде експлодирала првата бомба се собрале луѓе, следела втората експлозија.