Свет Свет (ВИДЕО) Десет полицајци убиени во серија напади во Авганистан

(ВИДЕО) Десет полицајци убиени во серија напади во Авганистан

експлозија на автомобил-бомба ви Авганистан

Најмалку 10 полицајци денеска загинаа во серија бомбашки напади на истокот на Авганистан, соопштија властите во Кабул.

Седум полицајци утринава загинаа во провинцијата Логар, каде бомбаш-самоубиец влезе во седиштето на полицијата и ја активира експлозивната направа што му била врзана околу појасот. Тројца полицајци се убиени во провинцијата Нангархар, при екслозија на автомобил-бомба.

Главното седиште на полицијата во Кабул вчера беше мета на самоубиствени напади. При падот, три лица се повредени. Талибанците ја презедоа одговорноста за сите напади, оценувајќи дека новата влада на претседателот Ашраф Ганиј е „американски марионетски театар“.

Талибанците и другите исламистички бунтовници најавија борба против власта и по заминувањето на силите на НАТО од Авганистан, закажано за декември годинава.