Македонија Весели: Косово не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија

Весели: Косово не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија

Косово не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија, изјави претседателот на косовскиот парламент, Кадри Весели, коментирајќи го вчерашниот напад врз полициската станица во Гошинце.

Весели, како што јавува косовскиот весник „Газета експрес“, рекол дека официјална Приштина е заинтересирана за добри соседски односи со Македонија.

– Не сакаме да имаме недоразбирања, ниту да се мешаме во нејзините внатрешни работи. Посакуваме Албанците, кои се дел од населението во Македонија, да се интегрирани во оваа држава и во евроатланската интеграција – изјави Весели.