Свет Свет Верижен судир во Египет, животот го загуби 21 лице

Верижен судир во Египет, животот го загуби 21 лице

Дваесет и едно лице загина, а 16 се повредени во верижен судир на возила на автопат јужно од египетската престолнина, соопштија египетските власти.

Министерството за здравство на Египет соопшти дека маглата и неприлагодената брзина го предизвикале верижниот судир во близина на градот Бени Суеф, околу 95 километри јужно од Каиро.

По сообраќајката, автопатот бил затворен за сообраќај повеќе од три часа.

Сообраќајните несреќи со смртни последници во Египет земаат повеќе од 10.000 животи годишно.

Најчести причини се претераната брзина и лошата состојба на патиштата.